Регулаторна комисија за енергетика

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Бензинот Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот Еуросупер БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин, Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на Еуродизел БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од  дванаесети, месецов.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе