По полноќ

Бензинот поевтинува за 2 денари, дизелот за 3 денари за литар

По полноќ, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ќе поевтинат нафтените деривати - бензинот за 2 денари за литар, а дизелот и нафтата за домаќинствата за 3 денари. Ќе се намали и цената на мазутот.

Максималните цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС                - 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС                - 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    - 93,00      (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 88,00      (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                            - 47,622 (денари/килограм)

Од Регулаторната комисија велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот намалувањето е за 2,291%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485%.

 

 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе