Од ноќеска на полноќ

Бензинот оди еден денар подолу, дизелот поевтинува за 1,5 денари

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати - бензинот ќе поевтини за еден денар по литар, додека дизел горивото за 1,5 денари по литар. Поевтинувањето е резултат на намалување на цените на светските берзи, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и наведе дека се намалува и цената на мазутот.

Од ноќеска по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 66,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)

Регулаторната комисија вели дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255%, кај дизелот за 5,212%, кај екстра лесното масло за 5,258% и кај мазутот за 4,219 %.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе