Од ноќеска на полноќ

Бензинот оди еден денар подолу, дизелот поевтин за половина денар

Цената на бензинот се намалува за еден денар, додека на дизел - горивата за половина денар за литар, најави Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,977 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,619 денари.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе