Од вечерва по полноќ

Бензинот ја премина цената од 80 денари за литар, поскапуваат горивата

Бензинот од 98 октани ја премина цената од 80 денари за литар и по полноќ ќе се продава за 80,5 денари, a дизелот ја премина цената од 70 денари и ќе се продава за 71 денар за литар. Горивата поскапуваат за 2 денари, а се зголемува и цената на мазутот.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,856 %, кај дизелот за 4,802 % , кај екстра лесното масло за 4,821 % и кај мазутот за 4,320 %, велат од Комисијата.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе