Корекција на цената

Бензинот и нафтата за домаќинствата поевтинуваат за половина денар

Од ноќеска по полноќ се намалува цената на бензинот и нафтата за домаќинствата за половина денар по литар, а дизел горивото за возилата останува по стара цена.

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Mалопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 58,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 60,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 50,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,184 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,938 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалената референтна цена на банзинот на светскиот пазар за 2,37 отсо и на дизелот за 1,499 отсто во изнинатите седум дена, како и за 0,311 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе