По полноќ

Бензинот и дизелот поевтинуваат за еден денар

Цените на бензионот и на дизел горивото од вечерва по полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, додека за денар и половина поевтинува нафтата за домаќинствата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,876 ден/кг.

 

Како што информира Комисијата од 10 август максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм)

Регулаторната комисија за енергетика потсетува дека трговците на големо и мало можат нафтените деривати да ги продаваат и по пониска цена, но не и по повисока.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе