Од ноќеска на полноќ

Бензинот достигна цена од 73 денари за литар, ново поскапување на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг и сега ќе изнесува 37,152 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм)

Во соопштението на Комисијата се вели дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,671%, кај дизелот за 1,433%, кај екстра лесното масло за 1,411%, додека кај мазутот зголемувањето изнесува за 2,244%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 %.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе