Од ноќеска на полноќ

Бензинот достигна цена од 70 денари, дизелот 60 денари - ново поскапување

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва по полноќ ќе изнесува е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98  -  70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари, а цената на нафтата за домаќинствата ќе биде 59,50 за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и ќе изнесува 35,243 денари за килограм.са/лв/

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе