Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот по стара цена

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а на Еуросупер БС – 98, 68 денари за литар. Цената на Еуродизел БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 45 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги наведува  зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и  намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе