Бензините поскапуваат за 3,5, дизелот за 1,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат за околу 0,8 проценти повисокиот крурс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.

 

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе