Нови цени на горивата

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 70,50ден/лит, а на Еуросупер БС-98 72,50 денари за литар. Лидат Еѕродизел (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе