Од вечер на полноќ

Бензините поскапи за половина, дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати, просечно за 1,15 отсто, односно од половина до еден денар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС - 95 ќе се продава по 68,50 денари/литар, бензинот Еуросупер БС -98 по 70,50 денари/литар, а Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 61,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 61,00  денар за литар, а мазутот М-1 НС 35,237 денари за килограм.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе