Од ноќеска на полноќ

Бензините поскапи за половина денар, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе бидат поевтини за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 69 денари,  а Еуросупер БС-98 за 71 денар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 денари и килограм ќе чини 34,739 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе