Од ноќеска на полноќ

Бензините поскапи за еден, дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечер на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 %.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 ден/кг.

Од ноќеска од 00:01 часот бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 76,50 денари/литар), бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 78,50 денари/литар,     ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 69,00 денари/литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 69,00 денари/литар. Мазутот М-1 НС, пак, ќе чини 42,827 денари/килограм.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе