Од ноќеска на полноќ

Бензините поскапи за 1,5, а дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 %,  односно за еден до 1,5 денар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и сега ќе изнесува 32,884 ден/кг.

Од вечер на полноќ Еуросупер БС-95 ќе чини 62,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 64,50  денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 53,00 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1) 42,00 денари/литар, а Мазутот М-1 НС ќе се продава по 32,884 денари за килограм.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе