Бензините поевтинуваат за 2, дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од 2 денари кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, 2,5 денари за дизелот и 3 денари кај маслото за домаќинство.

Според одлуката на РКСЕ, од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 93,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 93 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 91 денар/литар, а цената на мазутот М-1 НС не се менува и тој ќе се продава и натаму по 53,343 денари/килограм.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе