РКЕ

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари

Maлопродажните цени на нафтените деривати од денеска на полноќ ќе бидат во просек намалени за 2,2 отсто во однос на досегашните, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.

Еуросупер БС - 95        71,00   (денари/литар)

Еуросупер БС -98         73,00   (денари/литар)

Еуродизел БС (Д-Е V)  60,00   (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   62,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                 36,880  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат  намалување: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот намалувањето е за 4,31%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,365%, соопшти РКЕ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе