Бензините поевтинуваат за 1,4%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтенитре деривати за 1,40 отсто во однос на одлуката од 7 април.

Еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1 денар за литар, а малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     еуросупер БС - 95        80,00   (денари/литар)

Моторен бензин                    еуросупер БС - 98         82,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          еуродизел БС (Д-Е V)   80,00   (денари/литар)

Масло за горење       екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               78,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                               51,335 (денари/килограм)

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе