Одлука на РКЕ

Бензините поевтини за 2, дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 2 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,5 денари за литар.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 96,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 99 денари/литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 97,5 деанри/литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 96 денари/литар.

Единствено се зголемува цената на Мазутот М-1 НС за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе