Регулаторната комисија за енергетика

Бензините пак поскапуваат

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92 % во однос на цените од 12 април.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 12 април.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,726 ден/кг и сега ќе изнесува 34,992 ден/кг.

Од утре максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС - 95                                     67,50   (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС -98                                      69,00   (денари/литар)

Дизел гориво                       ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                58,50   (денари/литар)

Масло за горење                Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                  58,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                     34,992  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,391%, кај  дизелот за 3,787%, кај екстра лесното масло за 3,160 %  и кај мазутот за 3,852 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,764%.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе