Еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и од полноќ ќе чинат - 83,50 ден/лит, 85,50 ден/лит и 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3 ден/лит, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,140 ден/кг - 84 ден/лит и 57,347 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин - еуросупер БС - 95 - 83,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - еуросупер БС – 98 - 85,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - еуродизел БС (Д-Е V) - 87,50 (денари/литар)
- Масло за горење - екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 84 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 57,347 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, соопшти РКЕ.