Од ноќеска на полноќ

Бензините и дизелот поскапуваат од 2,5 до 3 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати од минатата недела.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за Еуросупер БС-98, а Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.

 

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе