Бектеши: Занаетчиите ќе ги поддржиме со 15 милиони денари

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на состанок со претставници од Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на Скопје  ги претставил  мерките за поддршка на занаетчиите и самостојните вршители на дејност преку Министерството за економија, како и финансиската поддршка од четвртиот сет на мерки кои што ги донесе Владата.

„По донесувањето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надоместување на 60 проценти  од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари“, информираше министерот Бектеши.

Како што соопшти Министерството за економија,  Бектеши најавил и дека од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги ќе се намали од 18 проценти на 5 проценти, а предлогот веќе е доставен до Собранието.  

На занаетчиите и на самостојните вршители на дејности, како што посочи министерот и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до бескаматните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе