Бектеши: За Попова Шапка има седум опции од консултантите, се предлага и изградба на гондола од Тетово

На денешната владина седница што треба да се одржи вечерва во Тетово ќе бидат истакнати седумте опции за развој на Попова Шапка кои се понудени во физибилтии студијата што вчера ја презентираше консултантската куќа Прајс Вотерс Хаускуперс. 

Според министерот за економија Крешник Бектеши, бидејќи Попова Шапка има регионално значење, информации ќе добијат и градоначалниците на полошките општини кои ќе бидат на владината седница во Тетово.

„Физибилити студијата ни даде насоки кои ние како Влада ќе ги диксутираме со граѓаните и ЕСМ. Посочувам на три опции, едната е јавно приватно партнерство, втората е концесија и третата е целосна продажба на сместувачки и угостителски капацитети бидејќи работат со загуба. Идејата за јавно приватно партнерство е во оптек поради инвестициите што веќе ги правиме со патот“, информираше денеска Бектеши во Тетово каде што е на увид на неколку теренски активности.

Тој додаде дека во презентацијата е посочена и идејата за изградба на гондола од Тетово до Попова Шапка.

„Според калкулациите на консултантите, изградбата на гондола ќе чини 23 милиони евра. Наредната година ќе почнеме со проектирањето на гондолата што ќе чини 200 до 300 илјади евра, а потоа ќе одлучиме дали ќе одиме со јавно приватно партнерство или директна инвестиција на ЕСМ“, рече Бектеши.

Целосната физибилити студијата ќе биде објавена на интернет страницата на Владата.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе