Ковид-19 создава многубројни тешкотии

Бектеши: Во корона-кризата изгубени се 15 илјади работни места

Поради корона - кризата околу 15 илјади лица ја загубија својата работа, не верувам дека на оваа бројка има значителен придонес дијаспората, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.

Бектеши не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.

„Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал таква анализи дека нашите сограѓни кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Поради епидемијата во Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешното потпишување Меморнадум за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе