Енергетска криза

Бектеши ветува дека нема да има рестрикции на струја, но ќе има кризна состојба

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании.

„Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја“, рече Бектеши не вчерашното гостување на ТВ „Алсат“.

Тој најави дека уште на првата владина седница, која треба да се одржи во вторник, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.

„Утре и во петок ќе имаме средба со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба. И јас како министер за економија на првата владина седница, која се предвидува да се одржи во вторник, ќе ѝ предложам на Владата да ја прогласиме оваа состојба“, рече Бектеши.

Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае утре или задутре кога, како што рече Бектеши, ќе се направат конечните анализи.

„Ве уверувам дека Владата има средства за да интервенира и во зависност од потребите на енергетските компании, толку средства ќе се пренесат директно од буџетот“, појасни Бектеши во вечерашното гостување на телевизија Алсат.

И претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уверува дека РКЕ како регулаторно тело ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање со цел за да не дојде до поскапување на електричната енергија. Вели дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании.

„Во кризна година мора сите да се однесуваме солидарно. Како РКЕ имаме алатки и ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање при носење на следната одлука на цената на електричната енергија. Профитите и маржата што им се загарантирани за енергетските компании, ќе ги тргнеме или ќе ги редицираме. Цело време повторувам – мора да разберат сите дека во кризна состојба сите мора да си помогнеме“, нагласи Бислимоски на гостувањето на телевизија Алсат.

И министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш повтори дека до крајот на годината нема да има поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, како што се микро и малите компании.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе