Бектеши ветува дека нема да им промени во ефтината тарифа за струјата

Евтината тарифа од 22 до 7 часот нема да се менува, потврди министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој вели дека ќе се интервенира само во високата тарифа. 

„Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови“, информира Бектеши.

Тој вели дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претходната година. 

„Но, што направиле одредени фирми, за што е известана УЈП, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини“, рече министерот.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе