Бектеши уверува дека во државава нема енергетска криза, а кризната состојба не значи дека ќе има и рестрикции

Кризната состојба во енергетиката не значи дека ќе има и рестрикции и не е предвидено да има рестрикции бидејќи согласно сите податоци што ги имаме не е проблем снабдувањето со електрична енергија, истакна вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето во „Тема на денот" во Дневникот на Сител.

Вели дека проблемите во енергетиката се причинети од големите ценовни шокови на берзите, особено во ОПЕКС.

„Кризната состојба е прогласена сѐ со цел да можеме ние како Влада да вбризгуваме средства во зголемување на ликвидноста за потребите на МЕПСО, а секако и за потребите на ЕСМ за да го зголемат и нивното производство, да набават јаглен. Секако и МЕПСО да ги плаќа сите тие количина на електрична енергија кои ненајавено ги има преземено од меѓународната мрежа“, рече Бектеши.

Уверува дека во Македонија нема енергетска криза.

Направена е само промена на Уредбата за може државата директно од Буџет да префрла пари директно во енергетските компании.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе