Нови мерки на Владата

Бектеши: Се ограничува маржата за леб, зејтин, шеќер, млеко, ориз, макарони...

Ограничување на маржата за основните прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало од утре до крајот на септември годинава е една од мерките што ги донесе Владата на денешната седница.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши, од утре до 30 септември за бел леб сечен или цел, за бел шеќер и за сончогледово масло маржаата во трговијата на големо и во трговијата на мало ќе биде до 5 отсто, за пченично брашно тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и  јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10%  во трговијата на мало.

Тој, исто така информираше дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

„Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци“, рече Бектеши.

Според Одлуката, како што кажа Бектеши, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе