Министерот за економија со налутен тон

Бектеши: Половина од училиштата не знаеле да пополнат формулари за евтина струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска луто забележа дека половина од училиштата не побарале да користат струја по повластена цена и се запраша дали нивните одговорни лица не знаат во рок од две недели да пополнат обични формулари. Премиерот Димитар Ковачевски, со исто така лут тон нагласи дека мерките за општински претпријатија се со цел да се овозможи нивна работа во интерес на граѓаните, а не за удобен престој во канцеларии и варење кафе на евтина струја.

Од 477 основни и средни училишта за субвенционирана електрична енергија по 95 евра за мегават час, се пријавиле само 233 училишта, потсети министерот Бектеши и даде одговор во кој се насетуваше лутина.

„За жал, по 1 декември сите училишта нема да добиваат субвенционирана струја. Па ист случај е и со водостопанските претпријатија,  од 73 се пријавиле 50 за субвенционираната струја. Потенцирам, за жал!, Зарем да ги преземеме и училиштата затоа што некој не знаел за две недели да пополни формулари? Општините треба да следат што им нуди Владата како олеснување во работата  во интерес на граѓаните, зашто на крајот на денот тоа ќе значи и да не се зголемат сметките што треба да им ги плаќаат граѓаните“,  рече Бектеши.

На тоа се надоврза и премиерот Димитар Ковачевски и рече дека заради непречено одвивање на наставата се пристапило кон давање можност за повластена цена. Важно беше за Владата да овозможиме настава, бидејќи веќе две години заради пандемијата имаше проблем со редовно одвивање на наставата, нагласи премиерот.

Тој упати порака и до општините дека мерките за повластена струја не се за удобство и за варење кафе по канцеларии, туку дека мерките се за граѓаните.

„Таман работа да се ужива во време на криза, а граѓаните да се соочуваат со последици и со кризата. Финансираме заради солидарност“, рече Ковачевски.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе