Министерство за економија

Бектеши: Неточни се бројките на комората, голем е интересот на угостителите за бескаматни кредити

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ги демантираше информациите на туристичко - угостителската комора при Сојузот на стопанско комори кои што беа презентирани вчера.

Бектеши вели дека сите стопански комори се дел од Координативното тело за туризам и истите активно работат во предлагање на мерки за ублажување на кризата поради коронавирусот кои преку Министерството за економија се предлагаат во Влада.

„Владата уште во почеток на кризата укажа и имаше целосно разбирање за секторите туризам, угостителство и транспорт и од овие причини првите мерки кои се донесоа ги опфаќаа токму овие сектори со овозможување на истите да искористат бескаматни кредити, субвенционирани придонеси како и намалена каматна стапка за кредити. Свесни сме дека голем број од компаниите од овие сектори се директно опфатени со кризата и од тие причини Владата во вториот пакет на мерки истите ги дополни со нови мерки, односно беа обезбедени дополнителни средства на Развојната банка на Северна Македонија за бескаматни кредити, а исто така им беше овозможено на компаниите да искористат средства за исплата на минимална плата од 14.500 денари за вработен“, потенцираше министерот.

Бектеши потенцираше дека укажувањето дека угостителите нема да ги користат овие мерки се неточни бидејќи според податоците од Развојната банка има голем интерес и апликации на компании токму од овој сектор.

„Како министер за економија лично присуствував на состаноците со сите стопански комори каде што барањето за исплата на минимална плата беше клучно за задржување на вработените во овој сектор, за да сега слушнеме од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори дека нема да ги искористат истите. Очекувавме и како Министерство за економија и како Влада од стопанските комори забелешки или укажувања во делот на подобрување на критериумите за добивање на овие субвенции, но треба да се има предвид фактот дека за нас како Министерство за економија многу е важно истите субвенции да одат кај вистинските угостители, односно угостители кои во минатиот период пред да настане оваа криза редовно ги подмириле сите давачки кон државата“, потенцираше Бектеши и додаде дека за многу брзо време согласно податоците од Државниот завод за статистика се очекуваат извештаите за месец март за да направат споредби и анализи за бројот на работници по индустрии и ќе се констатира дека бројката од 15.000 отпуштени работници во угостителскиот сектор не е точна.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе