Министерство за економија

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово за извозот на мед и компири

Министерството за економија во понеделник организира состанок со повеке надлежни органи и институции во насока на решавање на проблемот што настана со воведувањето на мерката околу извозот на компири и мед од Македонија во Косово. На состанокот покрај претставници на Министерството за економија, ќе учествуваат и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа, Агенцијата за храна и ветеринарство и други институции.

На состанокот се очекува да се преземат активности за разрешување на последиците од воведената мерка од страна на Косово.

Што се однесува до наводите од косовската страна дека не е даден одговор на решавањето на прашањето за увоз на икра и млада риба од Косово во Македонија, Министерството за економија како и другите надлежни институции во земјата веднаш ја информираа косовската страна дека мерката е воведена согласно прописите на Европската Унија за увоз на овие производи. Ова е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Македонија  е членка од 2003 година.

Согласно на правилата на ЦЕФТА , Министерството за економија  уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање, а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно на европската регулатива.

Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство, направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање на соодветни информации во врска со животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Косово. Нивните претставници истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Косово не се следи.

Сепак од страна на Македонија во овој период се остваруваа интензивни контакти со надлежните институции од Косово за надминување на настанатата состојба при увозот на овие производи, меѓутоа не се добиени податоци кои би ја потврдиле здравствената состојба на наведените производи од акредитирана институција од  Република Косово.

Косово донесе одлука за забрана за увоз на мед и компири од Македонија како реципроцитет на забраната за увоз на икра и млада риба во Македонија од Косово.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе