По тврдењето дека секој втор сметководител прележал ковид-19

Бектеши не им верува на сметководителите - нема пролонгирање на завршните сметки

Нема да има пролонгирање на роковите за завршните сметки, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одлуката е донесена по направените меѓуинституционални консултации кои упатиле на заклучокот дека сметководителите не биле толку погодени од пандемијата, рече министерот, наспроти тврдењето на сметководителите дека половината од нив прележале ковид-19 што било потврдено преку онлајн анкета.

„Веќе направиме консултации во рамки на институциите и како Министерство за економија, заедно со Министерството за финансии, УЈП и Централниот регистар, одлучивме да нема пролонгирање на роковите за завршните сметки. Мислиме дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата“, истакна Бектеши.

Десетина минути претходно, пред Министерството за економија, прес-конференција одржа Александра Андреева од Управниот одбор на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори. Таа соопшти дека речиси 50 отсто од сметководителите биле болни од КОВИД од почетокот на пандемијата и побара рокот за доставувањето на годишните извештаи и завршните сметки да се пролонгира до 31 март.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе