Бектеши најавува замрзнување на цените на брашното, шеќерот, оризот, маслото…

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ  – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото, најавува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Одлука за замрзнување на цените на продажните цени веќе донесе соседна Србија и истата ќе се применува за период од 60 дена. Оваа одлука предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци. За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100.000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Бектеши во интервјуто зборува и за информациите дека лидерот на ДУИ- Али Ахмети не ја исклучува и поддршката за предвремени парламентарни избори.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе