Бектеши најавува можно отворање на рестораните за свадби

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска кажа дека можно е рестораните за свадби и свечености да почнат да работат кон крајот на мај, но дополни дека тоа ќе се случи доколку Комисијата за заразни болести утврди дека бројот на заразени со корона вирусот се намалува.

„Секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки до сега и тие се предложени од Комисијата“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за заем од Светска банка за проекти во образованието и за енергетска ефикасност.

Меѓутоа, тој не дополни на кој начин би работеле рестораните за свадби и дали е изработен посебен протокол за нив.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе