Предлогот ќе биде доставен до Владата

Бектеши најави замрзнување на цените на лебот, млекото, зејтинот, шеќерот...

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

„Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи. Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Северна Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Тој претходно најави дека ако предвидат дека ќе има ценовни шокови ќе интервенираат во рамки на надлежностите и согласно со Законот за трговија.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе