Бектеши најави замрзнување на цените и на други продукти и намалување на царините за репроматеријалите

Aко податоците од Државниот завод за статистика покажат дека има зголемување на цените на другите производи, ќе ја прошириме листата на замрзнати цени, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на синоќешното гостување на Топ тема на ТВ Телма телевизија.

„Од утре инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите. Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа“, изјави вчера министерот Бектеши.

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прехранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку години даде значителна финансиска поддршка за бизнисот.

„Во последните 3-4 години стопанството е најмногу поддржано во последните повеќе од 10 години. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека кога станува збор за цените на репроматеријалите кои ги увезуваат компаниите до крајот на годината треба да биде усвоен од Владата Царинскиот тарифник каде што најголем дел од царинските тарифи се намалуваат на 0% или ќе бидат на исто ниво како на Европската унија, што значи помали трошоци за компаниите.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе