Бектеши најави дека за кратко време ќе има одлука за отворање на угостителските објекти

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози од Туристичко угостителската комора.

„За отворањето на кафетериите и рестораните е формирана работна група,  истовремено се консултираат стопанските комори, а посебно коморите што го претставуваат угостителскиот сектор. Мислам дека Владата за кратко по заклучок и препорака на Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство ќе донесе одлука. Во моментов не можеме да прејудицираме каква одлука ќе биде донесена од страна на Владата или пак која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која објави дека над 19.000 компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати.

Прашан дали ќе се преземат мерки за нова поддршка за угостителите затоа што според истражувањето на Туристичко угостителската комора, 95 проценти од угостителите не се задоволни од мерките, Бектеши нагласи дека не знае од каде се извадени таквите податоци затоа што, како што рече, има голем интерес за владините мерки за помош на компаниите.

„Секако дека ќе се преземат. Не знам од каде се извадени овие податоци дека 95 проценти не се задоволни од мерките на Владата. Веќе ги кажав податоците, има голем интерес за мерките на Владата. Во Фондот за туризам веќе имаме финален драфт за поддршка на туризмот, угостителството и на транспортот како најпогодени сектори во моментов. Угостителската комора е информирана за сите програми. Очекуваме конкретни предлози и од нивна страна, а дополнително на тоа овозможивме посебно за овие сектори освен да добијат минимална плата, да ја комбинираат оваа мерка и со субвенционирање на придонеси“, рече Бектеши.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе