Панел дискусија

Бектеши: Користење обновливи извори на енергија за заштита на животната средина животната средина

Новиот Закон за енергетика што беше донесен лани и е целосно во согласност со новите директиви за заштита на животната средина и за поттикнување на инвестициите во обновливите извори, веќе почна да се спроведува, објавени се неколку јавни повици и во тек е евалуација на сите понуди за градење на фотонапонски централи, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што се одржа во организација на Институтот за комуникациски студии, Бектеши рече дека истовремено при крај е изработката на законот за енергетска ефикасност, кој се очекува во третиот квартал од оваа година да биде усвоен од Владата, а потоа да продолжат сите процедури во Собранието.

Министерството, како што кажа, спроведува три мерки за енергетска ефикасност и за поттикнување на користењето на обновливи извори на енергија, како градење на соларни колектори, замена на дрвните прозорци со Пе-Ве-Це и набавка на печки на пелети од страна на домаќинствата. Тој информира дека во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за печки на пелети, додавајќи дека интересот кај граѓаните е голем.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во обраќањето на паелот изјави дека природниот гас може да се користи совршено за сите енергетски потреби, наведувајќи дека основните карактеристики на овој реагенс е тоа што најмалку 20 проценти е помала емисијата на штетните гасови и речиси воопшто не се ослободува сулфур.

Тој смета дека е многу важно земјава да влезе во процес на терцијална гасификација, односно гасот да биде достапен за широка потрошувачка, односно до домаќинствата.

„Примената на гас за домаќинствата значи поекономично греење, што мислам дека е атрактивно затоа што се намалуваат трошоците за затоплување на домовите и може да дојде до подобрување на економската состојба на граѓаните во краток рок, а за индустриските капацитети значи намалување на трошоците и можност за инвестирање во нови технологии“, рече Шилегов.

Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии, пак, посочи дека според климатските сценарија за нашата земја, во наредните 50 до 100 години нѐ очекуваат потопли лета, помалку врнежи и екстремни временски непогоди што може да предизвика и проблеми во домашното производство на храна, водните ресурси, шумарството, биолошката разновидност, здравствениот систем, туризмот, па дури и културното наследство.

„Поради овие можни штетни последици и негативни влијанија потребно е исполнување на политиките за прилагодување и ублажување на климатските промени и спроведување ефективни решенија во секторите кои најмногу придонесуваат за емитување стакленички гасови во воздухот, како што се енергетскиот сектор, депониите за цврст отпад, патниот сообраќај, производствената индустрија и градежништвото“, рече Андонов.

Институтот го организира овој настан како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Кампањата се реализира во рамки на проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Кампањата започна во март и во наредниот период ќе се фокусира на постојните ризици и можните последици од климатските промени во државата.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе