Бектеши ги повика граѓаните да пријавуваат зголемени цени на основни прехранбени производи

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) да пријавуваат случаи на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

„На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“ напиша на својот фејсбук-профил министерот Бектеши.

Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, почнувајќи од вчера се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе