Министерство за економија

Бектеши: Договорите со Грција и Бугарија и економската политика донесоа раст на инвестициите

Реалните економски политики и договорите со Грција и Бугарија кои ни ги отворија вратите во НАТО, со што се осигура стабилноста и безбедноста на државата, придонесоа за рекорден раст на инвестициите од над 624 милиони евра, нагласи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба во Љубљана со словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек.

-Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто, растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто, а најголем раст на просечната плата од 8,1 процент е забележан во декември 2018 година. За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само во минатата година отворени се над 26.000 нови работни места. Сето ова говори дека сме на вистинскиот пат кон целта да постигнеме зголемен животен стандард и постепен економски раст, што верувам дека уште толку ќе ја поттикне и нашата меѓусебна соработка како држави, нагласил Бектеши.

Северна Македонија, како што соопштуваат од прес-службата на Министерство за економија, претставува значаен економски партнер за Словенија во однос на интернационализацијата на словенечката економија. Во последната година, забележан е пораст на трговијата од 11,9 отсто, во споредба со истиот период на 2017 година, при што извозот е зголемен за 20,5 отсто, а увозот за 7,7 отсто.

Министерот Почивалшек истакнал дека во 2018 година, трговијата со стоки меѓу земјите достигна 307 милиони евра, а исто така, гледаат тренд на раст во секторот на услуги и дека постојат многу можности за бизнис меѓу двете земји.

-Областа на челик и металопреработувачката индустрија нудат потенцијал за зајакнување во економската соработка, потоа транспортната и енергетската инфраструктура, туризмот, агро-индустријата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, рекол тој, потсетувајќи дека во втората половина на оваа година се очекува посета на словенечка деловна делегација на Северна Македонија, што ќе овозможи взаемни бизнис средби меѓу стопанствениците од двете земји.

Министрите на средбата се заложиле за понатамошно зајакнување на економската соработка, при што, како што рече Бектеши, за Северна Македонија особено е значајно поттикнување на билатералната соработка во областа на иновациите, науката и технологијата, како и заедничко учество во мултилатералните научни технолошки и развојни проекти и програми. И двете земји придаваат особено значење за учество на малите и средни претпријатија во заеднички проекти од индустријата, енергетиката и обновливитте извори на енергија, туризмот ...

Министерот Почивалшек, меѓу другото, изразил задоволство што Северна Македонија и Грција постигнаа договор за името на земјата, што ја отвори вратата на НАТО и патот кон понатамошна интеграција во Европската Унија, при што упати уверување дека словенечкото Министерство за економија е отворено за експертска помош во подготвувањето на Северна Македонија за влез во ЕУ.

-Словенија и Северна Македонија се важни партнери и на полето на инвестициите. Компаниите со мнозински словенечки капитал обезбедуваат околу 2.500 работни места во Северна Македонија. На крајот на 2017 година, словенечките инвестиции во Северна Македонија изнесуваа 357 милиони евра, а во Словенија износот на инвестиции од Северна Македонија изнесуваше 18 милиони евра што претставува зголемување од 144 отсто во однос на претходната година, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Бектеши изразил задоволство од фактот што Република Северна Македонија е рангирана на четвртото место меѓу земјите каде Словенија најмногу инвестира, при што словенечките инвестиции се главно фокусирани во трговијата, осигурувањето, хемиската и автомобилската индустрија. Тој нагласил дека со изедначување на поволностите меѓу домашните и странските инвеститори и предвидливата и прецизна поддршка што ја овозможи Законот за поддршка на инвестиции се отвараат нови транспарентни можности за взамено привлекување на инвестиции и во другите економски области, меѓу кои и енергетиката, особено со воведувањето на нови мерки за поддршка – премии, кои ќе бидат применливи за фотонапонските електроцентрали, а ќе се доделуваат врз основа на транспарентна тендерска постапка, која вклучува аукција.

Осврнувајќи се на заедничките заклучоци кои произлегоа од минатогодишната 11 седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка, меѓу кои и потребата од склучување на Меморандум за соработка во туризмот, Бектеши ја изразил неопходноста од соработка особено во бањскиот и спа туризмот, каде ќе бидат добредојдени словенечките искуства и трансфер на знаење.

Бектеши се осврнал на зголемувањето на бројот на туристи во Северна Македонија, при што во 2018 година забележан е раст за 14,2 отсто во однос на 2017 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 15,0 отсто, додека девизниот прилив по основ на туризам забележа пораст од 16,7 отсто во споредба со 2017 година.

Неговиот словенечки колега ја нагласи подобрената соработка и во областа на туризмот, за што говори бројката од над 22 илјади туристи во Словенија минатата година, што претставува 26 отсто пораст во однос на претходната година. Туристите создадоа 65.600 ноќевања, што е 77 отсто повеќе отколку во 2017 година.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе