Продолжува неизвесноста со парното греење во Скопје

БЕГ пред одземање на лиценцата, неизвесно дали утре ќе има парно греење

БЕГ е приватна компанија која врши услуги од јавен интерес и своите обврски мора да ги исполнува, во спротивно, на компанијата ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа, велат од Министерството за економија за МКД.мк и најавуваат дека се очекува денеска Владата да донесе одлука која е во интерес на близу 60 илјади домаќинства на Скопје, како и на институции и фирми кои имаат парно затоплување во своите објекти. Додека трае неизвесноста, се зголемува продажбата на електрични радијатори и секаков вид на греалки на струја.

Откако БЕГ вчера најави дека нема повеќе ресурси да испорачува топлинска енергија на своите корисници и повика државата да го преземе управувањето, од Министерството за економија нѝ појаснија дека доколку БЕГ престане со работата која е од јавен интерес дека, како што веќе изјавил директорот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимовски, лиценцата за работа ќе ѝ биде одземена, а управување со компанијата од страна на Владата не доаѓа предвид.

Владата планираше да интервенира само во сметките на граѓаните, со цел тие да не се зголемат, односно да им биде минусирано од сметките, а не да даде пари за набавка на гас бидејќи станува збор за приватна компанија и ниеден закон таква интервенција не дозволува, појаснуваат од Министерството за економија. Со вчерашното соопштение од БЕГ, практично оваа компанија не се согласи со таквата опција и таа повеќе не е „во игра".

Нејасно е како денеска ќе постапи Те-То, која приватна компанија вчера изнесе несогласување со одлуката на Владата, донесена согласно на прогласената кризна енергетска состојба, да произведува струја и топлинска енергија и во текот на викендите со цел до крајот на месецот да се избегне криза со снабдувањето на граѓаните со топлина. Соопштија дека тоа би значело производство со загуба. Oваа компанија, како што објави порталот Пари, во 2020 година остварила приход од 93 милиони евра, добивката изнесувала повеќе од 12 милиони евра и остварила пораст на добивката од 298 проценти.

Од министерството велат дека во дел од јавноста дојде до забуна па се мислеше дека пари на БЕГ ќе ѝ даде Владата. Таква опција не е можна бидејќи станува збор за приватна компанија, но која, како што се нагласува, законите ја обврзуваат да испорачува топлинска енергија со оглед дека врши услуга од јавен интерес.

Идејата на Владата првично беше Владата со 80 проценти, а Град Скопје и скопските општини со 20 проценти, да учествуваат во „минусирањето" на сметките на граѓаните, но потоа Владата имаше во план да учествува целосно имајќи предвид дека Градот и општините се изјаснија дека ниту имаат пари, ниту пак дека таква опција би можела да биде во нивна надлежност.

Останува да се види дали утре во Скопје радијаторите ќе бидат студени или топли. Во деновите по Новата година значително е намалена испораката на топлинска енергија па граѓаните се жалат дека домовите им се студени. БЕГ го испорачува законскиот минимум на енергија правдајќи се дека нема доволно ресурси поради високите цени на гасот на светските берзи.

Додека неизвестноста трае, од продавниците за техничка стока велат дека е зголемена продажбата на радијатори на струја и на греалки, што пак, доколку престане испораката на парно греење, ќе биде нов удар за државата која се наоѓа во кризна енергетска состојба имајќи предвид дека драстичо ќе биде зголемена потрошувачката на струја.

П.Џ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе