Државен инспекторат за животна средина

БЕГ користи исклучиво гас и не би требало да има обврска да набавува мазут

Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека Балкан енерџи груп (БЕГ) веќе осма година по ред воопшто не користи мазут, но има законска обврска да го набавува тоа гориво во случај да дојде до прекин на снабдувањето со гас. Инспекторатот смета дека треба да се направат законски измени со кои наместо мазут, би стоела обврската да се поседува алтернативно на гасот гориво кое е еколошки чисто.

При извршената проверка на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад, вклучително и со опасен отпад во „Топлана Исток" на Балкан енерџи груп (БЕГ), Државниот инспекторат за животна средина утврди дека количеството на мазут што БЕГ има обврска да го набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка.

„И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно, не користеле мазут од 2013 година, во која биле гасифицирани. Во резервоарите нема складирано мазут, односно единствено гориво што се користи како енергенс е природен гас. Извештаите за дневна потрошувачка на гориво од страна на БЕГ изработени од Регулаторна комисија за енергетика потврдуваат дека БЕГ не користи воопшто мазут како енергенс. Меѓутоа, доколку дојде до прекин на снабдување со гас во грејната сезона во 2021 година, со потенцијално користење на мазут ќе се емитираат големи количества на штетни гасови, соопштија од ДИЖС.

Оттаму посочуваат дека неопходно е да се измени Законот за енергетика и наместо задолжувањето за набавка на мазут како алтернатива на гасот, да се бара воведување обновливи извори или други еколошки енергенси.
Од Државниот инспекторат за животна средина наведуваат дека ќе продолжат да вршат редовни контроли на топланите во БЕГ во текот на целата грејна сезона.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе