Балкански претприемачки самит

Балканска синергија - успешни бизнисмени од Албанија, Грција, Македонија и Бугарија

Балканскиот претприемачки самит кој ќе се одржи на 13 септември во Скопје во хотелот „Хилтон", а во организација на центарот за неформално образование Creative Hub и Стопанската комора на Македонија, претставува уникатна можност за првпат на едно место да се соберат млади бизнисмени од Балканот на панел дискусија.

На панелот ќе учествуват овогодинешните добитници на признанието „Форбс под 30“ (Forbes under 30), инвестицискиот аналитичар Вангелис Андрикопулос од Атина и ко-основачкот на Creative Hub, Бојан Коскаров од Скопје,  а ќе им се придружат и поранешниот фудбалер и наследник на Хусенбелиу групацијата, дваесет и седум годишниот Фатмир Хусенбелиу од Албанија и Александар Најденов од Бугарија основач и раководител на „Форбес под 30“ брендот Пејперхајв.

Ова е првпат во Скопје, па и на Балканот да се обединат млади претприемачи, а целта на настанот е токму да се создаде и пренесе една Балканска синергија помеѓу младите која треба да отвори нови можности за соработка на идните генерации бизнисмени кои се формираат на Балканот.

Панелот ќе биде модериран од македонскиот новинар Игор Босилковски кој беше уредник на Европската Форбс под 30 листа во категоријата технологија. Игор е магистер по новинарство на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде живее и работи.

Преку искусни говорници од различни индустрии гостите на Балканскиот претприемачки самит ќе имаат можност да слушнат за инвестициски трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, искуства на едни од најуспешните балкански бизнисмени, луѓе кои развиваат технологии на иднината и иновативни решенија во индустриите.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе