Стопанска комора

Азески во Филип Морис: Заеднички бараме решенија за прашања кај Владата

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, продолжувајќи ја теренската активност во периодот на постковид, оствари работна средба со менаџментот на компанијата „Филип Морис – Тутунски комбинат – Прилеп“ (ПМТКП) ДОО Скопје.

Шест од најдобрите светски меѓународни 15 брендови, кои опфаќаат повеќе од 180 пазари, се на „Филип Морис“, вклучувајќи го и „Марлборо“. Но, тука не завршува нивната визија за пушачите. Во компанијата се посветени да направат нешто многу подраматично – производството на обични цигари да го заменат со производи без чад. Затоа, повеќе од 430 научници, инженери и техничари работат на развој на помалку штетни алтернативи на цигарите, во двата истражувачки капацитети во Швајцарија и во Сингапур. Тоа е најголемата промена во историјата на оваа компанија, како и на нивните потрошувачи, акционерите и на општеството во целина.

„Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму компаниите како вашата, со високи професионални стандарди, кои инвестираат во напредни технологии и кои создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија“, порача претседателот Азески на средбата со менаџментот на компанијата.

„Но, за континуиран развој и за следење на најновите технологии и трендови од компаниите, потребна е соодветна деловна клима, за што надлежност имаат државните институции, во насока на поттик на нови странски вложувања во земјата. Стратегијата во регионот е веќе позната – отворен Балкан, без граници, со слободен проток на стоки, услуги, капитал и на луѓе, иницијатива која е поддржана и директно од Стопанската комора на Северна Македонија, која е целосно вклучена во создавањето амбиент за поголемо регионално поврзување и за економска соработка. На патната инфраструктура активно се работи. На ред се железницата и гасоводот. Сите треба да ја разбереме неопходноста од регионална соработка, затоа што само на тој начин Европа ќе нѐ препознае како партнери“, истакна Азески на средбата.

„Соработката со ‘Филип Морис’ постои од самите почетоци, а дејствувањето на нејзините претставници во телата на Комората и како експерти во одредени области е патоказ како треба да се соработува со домашниот бизнис. Токму затоа, Комората гради односи со вакви компании, со кои можеме да наметнеме свој став и решенија за одредени прашања кај Владата. И во наредниот период интензивно ќе работи за елиминирање на сивата економија и на корупцијата, за поддршка на извозните компании и за енергетски достапни решенија, со што ќе се намалат трошоците на домашните компании. Се работи и на забрзано воведување нови технологии во администрацијата“, констатира претседателот Азески. 

Генералниот директор на „Филип Морис – Тутунски комбинат – Прилеп“ ДОО Скопје, Иван Костиќ, информираше за сегашните активности, но и за идните планови на компанијата во делот на помалку штетни алтернативи на цигарите. „Компанијата е добар пример за придонес во земјава, преку преземањето на ‘Тутунскиот комбинат’ во Прилеп и преку негово издигнување на едно повисоко професионално ниво. Регионалниот центар на компанијата се префрли од Атина во Скопје и со добар кадар и со големи инвестиции се изгради добар и модерен центар во земјата. ‘ПМИ’ се менува како компанија и во соработката со Комората гледа можност за напредок. Сивата економија силно ја погодува тутунската индустрија и во таа насока потребни се засилени заеднички активности. Процесот на дигитализација, со кој ќе им се олесни функционирањето на компаниите на македонскиот пазар, мора да се забрза, а пандемијата во изминатиот период засилено го наметна тоа како приоритетно прашање. Преку Комората, како најголема бизнис-асоцијација, да се чуе гласот на бизнисот и само на тој начин да се дојде до заеднички решенија со Владата“, истакна Костиќ.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе