Стопанска комора на Македонија

Азески со апел до колегата од Грција и до Заев за непречен транспорт до солунското пристаниште

Врвен приоритет треба да остане прашањето за обезбедување непречено движење на транспортните работници, независно од мерките што се воведуваат за спречување на ширењето на коронавирусот. Ова меѓу другото се вели во писмото на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески испратено до претседателот на Унијата на грчките комори, Константинос Михалос и до претседателот на македонската Влада Зоран Заев.

„Воведените мерки, кои од 1 март се применуваат на граничниот премин ’Мала Богородица – Евзони’, значително го отежнуваат нормалното функционирање на македонското стопанство, имајќи во вид дека солунското пристаниште е една од главните транзитни дестинации за македонскиот извоз“, посочува Азески.

За македонските компании солунското пристаниште има првостепено значење, како пристаниште кое е природен пат за пристигнување на стоката наменета за нашата земја и кое поради близината има пониски транспортни трошоци за превоз на стоките до Македонија во однос на другите пристаништа во соседните земји. Годишно, преку солунското пристаниште минуваат речиси 1 милион тони стока наменети за Македонија или од неа и транзитираат најмалку 25.000 контејнери изразени во TEU-единици.

Изминатите денови воведените мерки од грчките власти (кои вклучуваат: максимален проток на 400 лица дневно, бројка која ги вклучува и лицата кои транзитираат преку територијата на Македонија; скратување на работните часови од 7 до 19 часот, како и воведување задолжителна обврска за брзи тестови, вклучувајќи ги и возачите на камионите) доведоа до исклучително комплицирани ситуации и до големи одложувања во транспортот на стоки.

„Од исклучителна важност за стопанството од двете страни на границата е да се обезбедат услови за непречено одвивање на товарниот сообраќај“, апелира Азески. Бројното ограничување на вкупниот број лица на кои им е дозволено да ја поминат границата на 400, во кое се вбројани и професионалните возачи, ќе значи целосно запирање на размената меѓу двете држави во следните 15 дена. Податоците од теренот укажуваат дека веќе се резервирани дневните ограничувања за влез во Грција речиси до крајот на март, што ќе предизвика несогледливи последици за нашите економии. Транспортот на стоки, како крвоток на секоја економија, не смее да запре и мора да се одвива во сите услови.

„Токму фактот што во внатрешноста на кабините возачите може да останат безбедни од ризикот на ширење на болеста и потребата да се гарантира непречен проток на стоки во исклучително тешките услови во кои функционира европската економија речиси цела година беа причина професионалните возачи уште од почетокот да добијат посебен третман од националните власти. За времетраење на пандемијата, почнувајќи од март 2020 година, професионалните возачи беа изземени од сите ограничувачки мерки и таков пристап треба да продолжи да се применува спрема оваа категорија и во иднина“, посочи Азески и упати повик до македонските власти, како и до грчките колеги, да се заложат кај грчките власти за што побрзо надминување на овој проблем и за обезбедување непречен проток на товарниот сообраќај.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе