Азески: Размената, британските инвестиции и улогата на „Џонсон Мети“, кај нас, се на највисоко можно ниво

Обединетото Кралство засега не отстапува од процедурите за издавање визи, кои според компаниите, се многу комплицирани, но во блиска иднина, не е исклучено, на иницијатива на бизнисите, постапките да бидат поедноставени.

Ова го истакнала  амбасадорката Рејчел Галовеј на денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Според Галовеј, Британската влада останува на ставот дека ќе биде потпишан билатерален трговски договор за соработка со нашата земја, ако се случи Брегзит.

Како што изјавија амбасдорката и Азески, на средбата се договоени форми за унапредување на соработката.

„Разговаравме за определени нејаснотии околу визниот режим како би ја зголемиле соработката на тоа ниво и разговаравме за определени форми на искористување на знаењето на нашите студенти кои завршуваат во Обединетото Кралство и се враќаат назад, изјави Азески.

Според него, Обединетото Кралство ја поддржуваше земјава во сите критични моменти, а бизнисот тоа знае да го цени.

„Размената, британските инвестиции и улогата на „Џонсон Мети", како и другите британски компании кај нас, се на највисоко можно ниво и тоа нам, како бизнис заедница, ни е императив. Сакаме да го исткнеме и да работиме на зголемување на соработка. Размената минатата година надмина 890 милиони долари, со тенденција да се зголемува, а британските инвестиции од осамостојувањето на земјава се околу една милијарда долари. Учеството, пак, на „Џонсон Мети" во извозните активности на македонската економија ќе достигне две милијарди евра наредната година. Тоа не обврзува да водиме посебна сметка за тие компании што се наши членки и кои учествуваат во создавањето на БДП, го едуцираат нашиот кадар и пренесуваат нови технологии“, подвлече Азески.

Амбасадорката Галовеј потврди дека соработката на двете земји е одлична и Обединетото Кралство е број еден инветитор кај нас.

„Разговаравме за идната соработка и за подобрувањето на бизнис опкружувањето и за домашните и за странските инвеститори“, рече Галовеј. 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе