Подгорица

Азески и Голубовиќ на средба со премиерите на Македонија и Црна Гора

Претседателoт на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески кој е и заменик-претседател на Управниот одбор на КИФ – коморскиот инвестициски форум и претседателот на Стопанската комора на Властимир Голубовиќ, остварија средба се премиерите на нашата земја и Црна Гора, Зоран Заев и Душко Марковиќ, во пресрет на Форумот на претприемачи на Црна Гора и Македонија во Подгорица.

Состанокот се одржа во канцеларијата на КИФ во Стопанската комора на Црна Гора, што е само потврда дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

Премиерите беа запознаени со досегашните активности на КИФ во рамки на кој веќе се работи на создавање на електронска платформа која треба да  придонесе за промовирање на Балканот како единствена дестинација за инвестирање. Многу скоро, преку КИФ треба да почне и спроведувањето на регионалниот проект за подобрување на образовниот систем согласно кој треба да се создаде рамка во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Азески како заменик претседател на КИФ, подвлече дека фактот оти во Стопанската комора на Црна Гора функционира канцеларија на КИФ, само потврдува дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

Притоа toj подвлече дека преку КИФ се градат два столба за регионот. Едниот треба да го поддржи креирањето на заеднички институции за aрбитража, кредитно Биро и за поедноставување на царинските процедури што ќе го олесни протокот на стоки и патници на граничните премини меѓу државите од регионот на Западен Балкан.

Вториот столб треба да ги поддржи активностите за креирање заеднички производи на Балканот. За таа цел се обезбедени и финансиски средства од германски, австриски и јапонски донатори во вкупен износ од 100 милиони евра, од кој половина, односно 50 милиони евра, се грант од германската развојна банка KFW.

КИФ како коморска организација во која членуваат бизнис асоцијациите од земјите од Западен Балкан беше основана во 2015 година, како иницијатива на Берлинскиот процес. Оваа асоцијација ги претставува интересите на 350.000 компании од целиот регион, а неговата работа се фокусира на развојот на регионалната соработка, која придонесува за создавање на единствена економска област на просторот на Западен Балкан.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе