Средба во Стопанската комора

Азески – Граф: Македонско – германската соработка да продолжи со засилен интензитет

Билатералната економска соработка меѓу Македонија и Германија беше тема на работната средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и германскиот заменик амбасадор Ото Граф.

На средбата на која било оценето дека соработката е на многу високо ниво, Азески истакнал дека Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најстара коморска организација во земјата, е подготвен и сигурен партнер за продлабочување на соработката, создавајќи и поддржувајќи поволна бизнис клима која овозможува привлекување и одржување на развојни инвестиции, посебно преку учеството во Коморскиот инвестициски форум и поддршката на економскиот развој на регионот.

Азески, како што стои во соопштението, ги претставил и актуелните проекти и стратешките активности на Комората, ставајќи акцент врз поддршката на компаниите во нивните активности, преку креирање Совет за напредни технологии вклучувајќи ја и дигитализацијата, имплементацијата на дуалниот систем на образование, зголемување на соработката меѓу домашните и странските компании, како и поддршка на извозните активности на домашните бизнис сектор.

„Од особено значење е соработка со Унијата на германските индустриски и трговски комори –ДИХК, со која Комората во 2007 година потпиша билатерален меморандум за соработка, но и активно соработува на полето на проектни активности во рамки на Коморскиот инвестициски форум“, изјавил Азески.

Тој додал дека низ годините Стопанската комора на Северна Македонија има значајна соработка со федералното Министерство за економска соработка и развој на Германија, со коешто  во рамките на Отворените регионални фондови за Југоисточна Европа (Open Regional Funds for Sought East Europe), се спроведе Партнерскиот проект меѓу Асоцијацијата на балканските комори и Унијата на германските индустриски и трговски комори - АБК-ДИХК, за институционално зајакнување на балканските комори, поддршка на процесот на ЕУ-интеграција и унапредување на стопанската соработка меѓу регионот и Германија. Во рамките на истиот фонд, во март 2010 година Стопанската комора на  Северна Македонија влезе во Регионалниот проект со ГТЗ "Export Consultancy Network“ - оформување на регионалната база  на стопански консултанти во различни области.

На работната средба Азески и Граф, заклучиле дека соработката меѓу двете земји мора да продолжи со засилен интензитет, посебно на полето на економската соработка, зголемување на извозниот потенцијал на домашните компании и привлекување на што поголем број германски инвестиции.

Германија 16 години е прв економски партнер на Македонија, а во првите седум месеци од 2021 година трговската рамена меѓу двете земји изнесува 3,01 милијарди долари и бележи раст од  55,7%, споредено со истиот период во 2020 година, кога изнесуваше 1,93 милијарди долари. Извозот за првите седум месеци од 2021 година изнесува 2,3 милијарди долари и бележи зголемување од 59,2%, во однос на истиот период 2020 година. Увозот, пак, изнесува 682,3 милиони долари и бележи зголемување од 44,8% во споредба со истиот период во 2020 година. Во трговската размена остварен е суфицит од 1,6 милијарди долари и во однос на минатата година е намален за 66,07%.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе